📷 МАКЕДОНЕЦОТ САШО БАШЕСКИ ПОБЕДИ ВО „НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА“ Калиопи му ја врачи наградата

Со 6.087 гласови освоени смс-гласови, македонскиот натпреварувач Сашо Башески вчеравечер победи во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

1,776

Со 6.087 гласови освоени смс-гласови, македонскиот натпреварувач Сашо Башески вчеравечер победи во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Наградата му ја врачи пејачката Калиопи, која му честиташе за маестралните настапи на натпреварот.






– Прилеп ќе се гордее, како и сите Македонци. Ти благодарам што нè потсети на едно убаво време кога се пееше не само со грло, туку и со емоции!“, му порача Калиопи која му ја врачи наградата, а победникот не ја криеше среќата и благодарноста.

Сашо ѝ се заблагодари и рече дека ова ниту на сон не го очекувал.

– Сакам да им се заблагодарам на сите, на продукцијата, на овие мои колеги во шоуто кои, пред сè, се добри луѓе. Ова нема никогаш да го заборавам – рече Сашо.

 


Уште како момче, прилепчанецот Сашо Башески (54) рекол дека еден ден ќе биде пејач, а таа желба му се исполнила пред триесетина години кога го фатил микрофонот и почнал да настапува со својот брат Дејан како бенд „Дуо Башески“.

Никогаш не зачекорил професионално во музичките води бидејќи, како што вели, го привлекува музиката, а не естрадата.

 

 

Поврзани содржини