📽️ МАКЕДОНЕЦОТ НЕНО НАПРАВИ МАГИЈА ВО ДУБАИ Зенит ќе игра финале, уништен е милионски проект

Тимот од Санкт Петербург бил на колена по тројките на Џанан Муса и Коста Кондиќ, кои го довеле Дубаи до огромна предност. Но, шоуто на Нено започнало кога било најпотребно. Во последната четвртина погоди неколку клучни тројки, подели 8 асистенции и со само 24 минути на терен постигна 23 поени. Зенит на крајот победи со 107:103, а Трент Фрејзер погоди од далечина 27 секунди пред крај – тројка што го заклучи пресвртот.

409

Кога Зенит губеа со 19 разлика, никој не очекуваше чудо – освен Ненад Димитријевиќ. Со магична четвртина, македонскиот плејмејкер целосно го сврте мечот и го однесе клубот во финале на ВТБ Суперкупот во Арена Београд.

Тимот од Санкт Петербург бил на колена по тројките на Џанан Муса и Коста Кондиќ, кои го довеле Дубаи до огромна предност. Но, шоуто на Нено започнало кога било најпотребно.






Во последната четвртина погоди неколку клучни тројки, подели 8 асистенции и со само 24 минути на терен постигна 23 поени. Зенит на крајот победи со 107:103, а Трент Фрејзер погоди од далечина 27 секунди пред крај – тројка што го заклучи пресвртот.

Иако најмногу поени за Зенит постигна Алекс Појтрес (25), Нено го сменил текот на мечот. Во финалето ќе играат против најголемиот ривал ЦСКА Москва.

ВТБ лига (VTB United League) е професионална кошаркарска лига основана во 2008 година, во која играат врвни клубови од Русија и неколку други земји од Источна Европа и Евроазија.

Поврзани содржини