МАКЕДОНЕЦОТ КОЈ ВО 1991 ГОДИНА БЕШЕ УБИЕН ВО СПЛИТ ЌЕ ДОБИЕ СПОМЕН ПЛОЧА Еве што ќе пишува на зградата каде загина Сашко Гешовски

Никогаш не беше откриено како точно починал Сашко Гешовски. „Несреќно загина на 6 мај 1991 година“, ќе гласи натписот на мермерната плоча пред зградата каде куршумот кој му го прекина животот. Одлуката треба да ја потврди градскиот совет на Сплит.

674

Во 1991 година на протест во Сплит беше убиен Македонец, војник на тогашната ЈНА. Toj ќе добие комеморативна плоча, пренесува хрватски Индекс.

На зградата на градската управа во Сплит ќе биде поставена спомен плочата на Сашко Гешовски, кој воениот рок во ЈНА го служеше во хрватскиот град и беше убиен на големиот протест на 6 мај 1991 година пред зградата на Бановина, пишува порталот Далматински.






Ова го одлучи Комисијата за именување улици и плоштади на седница. Одлуката мора да биде потврдена од Градскиот совет. Ако зависи само од мнозинството, одлуката ќе помине непречено бидејќи помина и на Комисијата со осум гласа поддршка.

На седницата минатата година беше одлучено несреќниот млад човек да добие спомен плоча, но тогаш беше спорно името на неа на која пишуваше „Сашко Гешовски, невина жртва на протестите одржани на 6.5.1991 година“. Предлогот дојде од активистот Марко Гај, кој со години се бореше за обележјето. Тогаш не беше постигнат консензус околу натписот, беше констатирано дека може погрешно да се протолкува, па се бараше компромис.

Никогаш не беше откриено како точно починал Сашко Гешовски.

На мермерната плоча, на зградата пред која животот му го прекина куршум, ќе биде испишан овој натпис:

SAŠKO GEŠOVSKI

Сашко Гешовски

Kavadarci (Кавадарци), 31.10.1971. – Split (Сплит), 6.5.1991.

NESRETNO STRADAO 6. SVIBNJA 1991. GODINE

НЕСРЕЌНО ЗAГИHA HA 6. MAJ 1991.

Поврзани содржини