Македонецот „кој не може да загуби“ ќе освојува олимписко злато за САД
Една деценија помина Андоновски во вардаровата Академија. Тој не ги памети сите победи, ама ги памети сите порази. И вкупно беа – два! Една работа е да победите, а сосема друга работа е да сте најдобар долго време – вели Андоновски.
Македонецот Влатко Андоновски „кој не може да загуби“ е тренерот кој ќе го брка златниот медал за фудбалската репрезантација на САД во категоријата фудбал за жени во петок на ЛОИ во Токио, пишува Њујорк Тајмс.
44-годишниот некогашен тренер-пионир од Вардар никогаш досега не изгубил натпревар со своите фудбалерки, откако пред две години ја преземал селекцијата на САД. За жал, неговата матична земја, Македонија, нема сопствена репрезентација за фудбал на Олимпијадата.
Десет години без грешка во Вардар
Влатко Андоновски беше деветгодишно дете кога научи дека пораз не се прифаќа. Во пионерите на Вардар го научи тоа многу рано. Андоновски израсна во фудбалско семејство, во престолнината на Македонија, а откако се приклучи на академијата на најголемиот и најпопуларен клуб во земјата, во 1985 година, влогот беше зголемен.
Во Вардар доаѓаа најталентираните деца од цела Македонија, а самата конкуренција во тимот беше исклучително силна. Да бидете прифатен таму е само почеток. Оттаму, талентите мораа да си го чуваат местото и да го заработат, практично секој ден.
– Да загубиш два меча на 12 години, повеќе не си дел од тимот. Просто е. Нема мама, тато… Или играш добро или си во аут – вели Дино Делевски, соиграч од младинците на Вардар на Андоновски и близок пријател со кој Андоновски дојде во САД.
Една деценија помина Андоновски во вардаровата Академија. Тој не ги памети сите победи, ама ги памети сите порази. И вкупно беа – два!
– Една работа е да победите, а сосема друга работа е да сте најдобар долго време – вели Андоновски.
Уште повеќе, уште подобро
Ако знаеме дека фудбалерките на САД се најконкурентна репрезентација и фаворит во светот во моментов, можеме да го замислиме каков бил притисокот за Андоновски да ги тренира фудбалерките. Короната дошла токму навреме за да ги расипе плановите, но тоа само го направило посилен него и неговите девојки.
Кристи Мевис една деценија го познава Андоновски, а вели дека имала неколку разговори со него, кои прво ги опишала „како не многу брутални“, ама тоа е кога знаеш дека биле навистина брутални.
Беки Соербрн, репрезентативката која Андоновски најдобро ја познава, вели дека селекторот станал „потежок“ откако првпат ја тренирал во 2013 година.
– На почетокот тој беше толку подготвен да даде, а фудбалерките да не возвратат со иста мерка, а тој ќе продолжи да дава повеќе, и повеќе, и уште повеќе. Ама, сега, тој ќе бара сите ние да возвратиме на највисоко ниво – вели Соербрн.
Андоновски е подготвен да се справи со секој предизвик, а знае дека фудбалерките не треба да ги учи како да победуваат, туку како да бидат уште подобри. Знае и дека не треба дополнително да наметнува конкуренција, ама и во такво хипер-компетативно опкружување, Карли Лојд ја нарече таа битка како нешто удобно, зашто некој секогаш ќе ја подигне летвичката погоре и ќе бара уште повеќе и уште подобро.
– Јас го правам тоа за да не ги повредам, а го правам за да им помогнам – вели Андоновски.
Ако победи, Андоновски ќе влезе во историјата на фудбалот
Работата на Андоновски доаѓа со преголеми очекувања откако ја наследи легендарната Џил Елис, а тој дојде пред 21 месец и пред него е целта да освојува трофеи, да победува и ниту еднаш да не загуби. Скорот му е 22 победи и реми, нема пораз засега.
– Јас знам во што се впуштив – потенцира Андоновски.
До пандемијата сè одеше извонредно, беше победена Јапонија, тимот изгледаше подготвен за олимпиското злато. Подготовката што ја направи има приказна и ќе ја видиме веќе во среда, кога САД со непоразениот Андоновски ќе тргне на олимпискиот турнир против Шведска на стадионот во Токио. А, тимот е дојден во голема форма и со улога на голем фаворит.
За очекувањата, самиот Андоновски е свесен – сè освен златен медал ќе биде неуспех!
На некој начин олимпискиот женски турнир е посилен од Мундијалот. Нема лесен противник, тимовите се помали, мечевите се брзи и бесни.
– Тие се борци, тие се големи борци, такви се и тие секогаш напредуваат во битките – посочува Андоновски.
Ако успее Андоновски да дојде до целта, а тоа е олимписко злато од ЛОИ во Токио, тогаш тој ќе влезе во историјата на американскиот фудбал, ама и на македонскиот, зашто ќе биде прв тренер кој успеал да стигне до златен медал на фудбалски олимписки турнир.