МАКЕДОНЕЦ ЗАГИНА ВО БУГАРИЈА 19-годишник со возило влетал во тераса од ресторан и покосил тројца гости

696

Три лица, меѓу кои и државјанин на Македонија, загинаа во тешка несреќа што се случи ноќеска во бугарскиот град Разград, кога 19-годишен возач со автомобил влетал во полн ресторан, објавија локалните медиуми.

Несреќата се случила околу 01:36 часот на улицата Гранчарска. Според информациите од бугарската полиција, младиот возач, кој управувал автомобил сопственост на неговиот татко, изгубил контрола врз возилото и удрил директно во терасата на ресторанот, каде во тој момент имало гости.






На самото место на несреќата животот го загубиле тројца мажи на возраст од 58, 62 и 64 години. Меѓу загинатите е и 58-годишен државјанин на Македонија, кој имал постојано живеалиште во Бугарија.

Поврзани содржини