МАКЕДОНЕЦ ВО АВСТРИЈА „ЛЕТАЛ“ СО 100 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС НАД ДОЗВОЛЕНОТО Се правдал дека не го видел знакот
Инцидентот се случил во вторникот во австрискиот град Нојкирхен на Вокла, во областа Воклабрук.
Македонски граѓанин, чија етничка припадност не се открива, тврдел дека не го видел знакот за дозволена брзина односно се правел „наудрен” кога го фатиле како вози 100 километри на час над дозволената брзина.
Инцидентот се случил во вторникот во австрискиот град Нојкирхен на Вокла, во областа Воклабрук.
Македонецот возел со 128 км/ч во зона каде што било дозволено само 30 км/ч.
На возачот кој има 28 години веднаш му било запленето возилото од марката „Мерцедес АМГ“.
Ново вакво возило, во зависност од моделот и опремата, може да вреди над 200.000 евра.
Со одлука на судот може да му биде целосно одземено затоа што се работи за тешко прекршување на законот.
За загрозување на безбедноста македонскиот граѓанин може да добие и затворска казна.