МАКЕДОНЕЦ УАПСЕН ВО ХРВАТСКА ЗА ШВЕРЦ НА ХЕРОИН Од шестчлената дружина биле запленети скоро 4 кг дрога
Осомничените набавувале хероин од една земјите од Југоисточна Европа, па го шверцувале на територијата на три хрватски жупании.
Хрватската полиција разоткри шестчлено злосторничко здружение чии членови, меѓу кои еден Македонец и еден Србин, се обвинети дека од септември минатата година шверцувале хероин во Хрватска, а потоа го продавале на наркопазарот во окрузите Истра, Загреб и Сплитско-далматинската жупанија, јави хрватската новинска агенција ХИНА.
При апсењето од осомничените одземени се 3,9 килограми хероин.
Полицијата сомничи 43-годишен државјанин на Северна Македонија, 59-годишен државјанин на Србија и четворица хрватски државјани на возраст од 66, 49, 47 и 42 години за неовластено производство и тргување со дрога како дел од злосторничко здружување.
Осомничените набавувале хероин од една земјите од Југоисточна Европа, па го шверцувале на територијата на три хрватски жупании.