МАКЕДОНЕЦ СТЕ ИЛИ НЕ СТЕ МАКЕДОНЕЦ? Бугарскиот пратеник Костадинов ставен во небрано среде Скопје (ВИДЕО)
Бугарскиот пратеник Костадин Костадинов повтори дека според него нема разлика помеѓу Македонци и Бугари, но веднаш доби ново конкретно прашање: „Дали сте Македонец или не?“
Бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, кој ѝ е познат на јавноста по тоа што постојано ни порачува дека Македонија и Бугарија се една иста држава, дека бугарскиот и македонскиот се еден ист народ, дека говориме еден ист јазик – бугарскиот, денеска среде Скопје беше ставен во „небрано“ откако новинарот на ТВ Алфа, Матеја Петровски, му постави едноставно прашање: „Дали се чувствувате како Македонец?“
Костадинов повтори дека според него нема разлика помеѓу Македонци и Бугари, но веднаш доби ново конкретно прашање: „Дали сте Македонец или не?“
Дијалогот се одвиваше отприлика вака:
Новинарот: Постојат Македонци, постојат Бугари, на кој начин го засновате тоа дека е ист народот, на кои факти?
Костадинов: На историски, на филолошки…
Новинарот: На кои историски факти?
Костадинов: Нема разлика.
Новинарот: За што се борел Гоце Делчев, за македонска држава или за Бугарија?
Костадинов: И за македонска држава и за Бугарија.
Новинарот: За вас тоа е втора македонска држава, така?
Костадинов: Нема разлика. Бугарија и Македонија се две држави со еден народ, со општо минато. Разликата е во сегашноста, тоа е реалноста.
Новинарот: Значи можеме да кажеме дека вие сте Македонец?
Костадинов: Нема разлика меѓу Македонци и Бугари.
Новинарот: Значи јас можам да кажам дека Костадин Костадинов од Бугарија е Македонец, а не Бугарин?
Костадинов: Тоа е едно исто, ако сакате кажете Македонец, ако сакате кажете Бугарин, за мене нема разлика.
Новинарот: Значи Македонец сте. Можам да кажам дека сте Македонец или не?
Костадинов: А вие можете да кажете дека сте Бугарин?
Новинарот: Не, јас сум Македонец.