МАКЕДОНЕЦ СТАНА ГРЧКИ ЕПИСКОП ВО ЊУЈОРК Бранко Миовски, со црковно име Бенедикт, служи во Грчката старокалендарска црква во Асторија

Синодот на Црквата на вистинските православни христијани на Грција, позната и како грчка старокалендарска црква основана е во 1935 година како отпор кон воведувањето на новиот календар.

0

Македонец, кој со години живеел како монах во Грција, стана епископ на Грчката старокалендарска црква, со служба во квартот Асторија во Њујорк, САД.

Бранко Миовски, кој во монашкиот живот го носи името Бенедикт, е роден во Скопје во 1989 година. По завршувањето на студиите на Богословскиот факултет при МПЦ-ОА, во 2014 година заминал за Грција, каде што стапил во монашка заедница на старокалендарската традиција, или како самата се нарекува Црква на вистинските православни христијани на Грција, пишува порталот Религија.мк.






На 14 јануари 2015 година, во манастирот каде што се подвизува, е замонашен од Архиепископот Калиник, поглаварот на Атинската катедра. Неговата служба подоцна го води и надвор од Европа: во 2018 година како јероѓакон заминува во САД, каде престојува во манастирот на Свети Јован Максимович во Њујорк под духовно раководство на Митрополитот Димитриј, Американски егзарх на оваа црква.

Синодот на Црквата на вистинските православни христијани на Грција, позната и како грчка старокалендарска црква – основана уште во 1935 година како отпор кон воведувањето на новиот календар – на 28 февруари 2024 година, го избира Бенедикт за викарен епископ на Митрополитот Димитриј. Од март 2024 година тој официјално ја извршува оваа епископска служба.

Интересно е што на видеото подолу, архимандритот Патапиос, декан на теолошкиот семинар, кој го најавува епископот Бенедикт, вели дека тој е од Скопје, Северна Македонија, и покрај мајчиниот македонски јазик, зборува и богослужи уште и на грчки, црковно-словенски и на англиски јазик.

Поврзани содржини