МАКЕДОНЕЦ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО БУЈАНОВАЦ Тело на 30 годишник од Скопје било најдено во изнајмен стан

По увидна екипа на ПС Бујановац, во присуство на лекар судски вештак, било утврдено дека се работи за А.Р. (30) од Скопје.

707

Во четвртокот е пронајдено тело на македонски државјанин во изнајмен стан во Бујановац потврди Вишото јавно обвинителство од Врање. Мртов 30-годишник од Скопје би пронајден во објект за сместување во сопственост на жител на Бујановац, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата во Бујановац го известила дежурниот заменик на Вишото јавно обвинителство Врање дека во Бујановац е пронајдено телото на Н.Н. лица. По увидна екипа на ПС Бујановац, во присуство на лекар судски вештак, било утврдено дека се работи за А.Р. (30) од Скопје.






Извршена е истрага и вештачење на телото од страна на судски вештак, при што е утврдено дека нема траги кои би упатувале дека смртта е предизвикана од насилство.

Поврзани содржини