МАКЕДОНЕЦ ПРИВЕДЕН ВО СРБИЈА ПОРАДИ ДРОГА Ќе донира 100.000 динари во хуманитарни цели за да куртули од затвор
По приведување и распит во Основното јавно обвинителство во Врање, наместо кривично дело „неовластено поседување наркотици“, младиот човек мора да плати 100.000 динари за хуманитарни цели, во замена за кривична пријава, судење и казна.
22-годишен државјанин на Македонија е уапсен за неовластено поседување наркотици, кои полицијата ги заплени при претрес на граничниот премин Прешево, јави МИА.
На граничниот премин Прешево, меѓу Северна Македонија и Србија, при редовна контрола на патник, српската полиција открила 3,17 грама марихуана.