Македонец паднал во кома откако се вакцинирал во Србија

Во текот на вчерашниот ден, на мажот му се слошило и веднаш бил однесен во болница.

1,163

73-годишен Македонец паднал во кома откако вчера му се слошило по вакцинирањето во Ниш, Србија, потврди директорот на Универзитетскиот клинички центар Зоран Перишиќ, пренесе српскиот медиум „Јужне вести“.

Во текот на вчерашниот ден, на мажот му се слошило и веднаш бил однесен во болница.






Српскиот лекар вели дека човекот имал 4 бајпаса, но по направените прегледи констатирано е дека немал инфаркт, но засега не се знаат причините за влошувањето на здравствената состојба.

Во текот на викендов поголем број македонски граѓани се вакцинираа во Србија.

Како што информираат „Јужне вести“, освен овој случај, друг застој во процесот на имунизација немало и дека во Ниш се вакцинирани околу 4.000 лица.

Поврзани содржини