Македонец осомничен за двојно убиство на Малта (ФОТО)

Досега полицијата на Малта не соопшти детали за евентуалните мотиви за убиството за кое денеска е уапсен и македонецот Виктор Драгомански.

1,592

Виктор Драгомански, обезбедувач на угостителски објект на Малта е уапсен под сомнение за двојно убиство извршено во островската држава, објави TVM од Малта.

Драгомански, според првичните податоци е Македонец од Скопје, а за двојното убиство извршено пред 8 дена исто така е осомничен албанскиот државјанин Даниел Мука.






Според медиумите на Малта, Драгомански се криел во хотелот Гзира каде е уапсен.

Жртвите на двојното убиство се партнерска двојка хомосексуалци, Кристијан Пандолфино и британецот со полски корени Ивор Мациејовски. Двајцата се убиени пред 8 дена, едниот е најден на првиот кат во заедничкиот дом, додека телото на втората жртва е откриено на вториот кат во куќата во градот Слиема во Малта.

Досега полицијата на Малта не соопшти детали за евентуалните мотиви за убиството за кое денеска е уапсен и македонецот Виктор Драгомански.

Поврзани содржини