Македонец од Малта објавувал голи фотографии од девојки во „Јавна соба“, полицијата му влегла во трага
Руската апликација ја блокирала групата по бројните барања и најавата од премиерот Зоран Заев дека ќе биде забранета во Македонија.
Полицијата бара уште едно лице инволвирано во групата „Јавна соба“ на Телеграм. Доказите со коишто располата македонската полиција водат до Малта, земјата во која престојува Македонецот кој учествувал во овој скандал на објавување голотија и вулгарности за девојки од сите градови во земјава, објави ТВ24.
Инаку, спорната група „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм од вчера а е затворена, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Руската апликација ја блокирала групата по бројните барања и најавата од премиерот Зоран Заев дека ќе биде забранета во Македонија. Но, се размножуваат нови вакви групи на Телеграм, во кои повторно се постираат вулгарности, предупредува Спасовски.