МАКЕДОНЕЦ ОД АВСТРАЛИЈА ШАМПИОН ВО МЕШАНО БОРЕЊЕ Александар Волкановски го победи Ортега (ВИДЕО)
Со победата над Ортега, тој направи 20 победи во низ и го одбрани шампионскиот појас, а заради тоа веќе го споредуваат со легенди како Кабиб Нурмагомедов и Андерсон Силва.
Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски продолжува да ја изненадува Америка, каде на тамошните УФЦ-средби во мешани боречки вештини уште го држи приматот во перо-категорија, пишува ЦБС Спорт. Со победата над Ортега, тој направи 20 победи во низ и го одбрани шампионскиот појас, а заради тоа веќе го споредуваат со легенди како Кабиб Нурмагомедов и Андерсон Силва.
Lo mejor de rounds #UFC266 pic.twitter.com/yAbGm8elHR
— UFC Español (@UFCEspanol) September 26, 2021
Ортега се покажа како незгоден ривал, издржувајќи ги сите пет рунди во октагонот против шампионот Волканоски. Во третата рунда се чинеше дека ќе биде кутнат и целосно доминиранод Ортега, но брзо се поврати. На крајот, судиите, сепак, едногласно го прогласија борецот со македонско потекло за победник.
За Австралиецот со македонски корени ова беше втора успешна одбрана на шампионскиот појас во перо-категорија. Toj воедно е и прв шампион во мешано борење кој го имала Австралија.
Инаку, меѓу Македонците од дијаспората, Александар Волкановски е познат и како „Александар Велики“.