МАКЕДОНЕЦ „ЛЕТАЛ“ СО 223 КМ/ЧАС НИЗ ГРЦИЈА Уапсен е и ќе биде изведен пред суд

Грчката полиција објави на социјалните мрежи фотографии од радарот што ја регистрирал брзината и од мотоциклот на уапсениот.

1,146

Грчката полиција уапси македонски граѓанин во близина на Кукуш (Килкис) откако при радарска контрола е утврдено дека со мотоцикл возел со брзина од 223 километри на час, на автопатот Солун-Евзони каде што ограничувањето на брзината е 110, јави МИА од Атина.

Државната телевизија ЕРТ објави дека на уапсениот 49-годишен македонски државјанин му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.






Грчката полиција објави на социјалните мрежи фотографии од радарот што ја регистрирал брзината и од мотоциклот на уапсениот.

Поврзани содржини