🎥 МАКЕДОНЕЦ ИМ ПОБЕГНА НА РЕДАРИТЕ И ИСТРЧА НА ТЕРЕН ПО ДЕРБИТО ЈУВЕНТУС-ИНТЕР Младиот Наце се фотографираше со своите идоли
На македонската фан страна на клубот од Торино, објавено е и видео од моментот кога Васев го добива дресот од Локатели и се враќа назад на трибините без да има поголеми проблеми со обезбедувањето на теренот.
Јувентус и Интер вчера одиграа 1:1 во италијанското дерби во Серија А, а овој натпревар сигурно долго ќе го памети македонскиот навивач на „Старата дама“, Наце Васев.
Васев имаше можност да го следи дербито на својот омилен клуб во живо во Торино, но не остана само со присуство на трибините, туку во еден момент одлучи да истрча на теренот и да се фотографира со своите идоли.
По завршувањето на натпреварот, Васев успеа да помине покрај обезбедувањето и да влезе на теренот каде што се фотографираше со неколку фудбалери на Јувентус, но и доби дрес од италијанскиот играч за врска Мануел Локатели.