МАКЕДОНЕЦ И СРБИН ЗАЕДНО КРАДЕЛЕ ПО ЦРНА ГОРА Ограбувале локали, канцеларии, продавници, работеле тимски

На двајцата им е одреден притвор од 72 часа, а за едниот имало меѓународна потерница.

1

Основното државно обвинителство (ОДТ) во Подгорица им одреди мерка притвор на српскиот државјанин Е. Х. и македонскиот државјанин Б. С. во траење до 72 часа, поради основано сомнение дека во текот на ноември оваа година, на територијата на Подгорица, извршиле неколку тешки кражби со провала во угостителски, комерцијални и други деловни простории.

„Постои сомнение дека Е. Х. влегол во просториите и зел пари, додека Б. С. ја обезбедувал околината, по што ја поделиле незаконски стекнатата имотна корист“, се вели во соопштението на ОДТ во Подгорица.






ОДТ во Подгорица соопшти дека се води постапка и против Е. Х. поради сомнение за фалсификување исправа.

„Кога бил уапсен, поседувал важечки лични документи од Република Србија, како и сомнителни странски документи. Исто така, било утврдено дека по него е распишана меѓународна потерница. Двајцата осомничени се приведени поради ризик од бегство“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини