МАКЕДОНЦИТЕ СО НАЈНИСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА БАЛКАНОТ? Јапонците „најпаметни“ во светот со 106, ние со 81
Најинтелигентни во светот во 2022 година се Јапонците (106,49), по што следат граѓаните на Тајван (106,47) и Сингапур (105,89). Во првите десет земји со највисок просечен коефициент на интелигенција спаѓаат Кина, Јужна Кореја, Белорусија, Финска, Лихтенштајн, Холандија и Германија. Хрватите на пример, се 37 место на светско ниво, а според овој список се најинтелигентни на Балканот.
Македонците имаат најнизок коефициент на интелигенција(IQ) во регионот од 81 поен, а најпаметни се Хрватите со 95, вели извештајот на Независната организација Ворлд Популејшн Ривју(ВПР), со седиште во САД. Србите имаат 89, Црногорците 86, а во Босна и Херцеговина 88 поени. Од ВПР ги добиле бројките споредувајќи статистика од број на жители, колку од нив се вработени и слично.
Сепак, тие истакнуваат дека постојат и многу други методи да се измери умот на еден народ, а дека за некои од нив воопшто не е потребен коефициентот.
Најинтелигентни во светот во 2022 година се Јапонците (106,49), по што следат граѓаните на Тајван (106,47) и Сингапур (105,89). Во првите десет земји со највисок просечен коефициент на интелигенција спаѓаат Кина, Јужна Кореја, Белорусија, Финска, Лихтенштајн, Холандија и Германија. Хрватите на пример, се 37 место на светско ниво.
Се смета дека просечната човечка интелигенција се движи негде до 120 поени, а сѐ над тоа е натпросечно. Некои историски личности како Гете се смета дека имале и над 200 поени.