🎥 „МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАЈДОБРИ И НАЈЉУБЕЗНИ, ТИE НИ СЕ БРАЌА“ Срби објаснуваат зошто патуваат до Грција преку Македонија

Покрај тоа што оваа маршрута е пократка, многумина Срби ја избираат Македонија како транзитна земја на пат кон Грција затоа што тука се чувствуваат добредојдени, а Македонците ги доживуваат како блиски. Исто така, им се допаѓаат граничните премини кои, вели една туристка, немаат гужви.

878

Најголем број туристи од Србија во текот на летото заминуваат на одмор во Грција преку Македонија, бидејќи тоа, меѓу другото, е и најкратката маршрута.

А ако се суди според една анкета, која ја пренесе Инстаграм страницата Грчка инфо, тоа не е единствената причина.






Имено, освен поради пократкиот пат, Србите сакаат да патуваат преку Македонија зашто се чувствуваат пријатно во оваа земја, а македонскиот народ го доживуваат како братски.

– Повеќе го сакам овој пат, повеќе ни се допаѓа. Македонците ни се браќа – изјави еден од анкетираните туристи.

Друг, пак, рече дека е „поблиску и полесно“ и истакна дека овој пат е подобар.

– Најдобрите патишта и најдобрите луѓе – беше јасен еден господин.

Една госпоѓа призна дека ѝ е пријатно во Македонија.

– Затоа што вие сте најдобри, најљубезни, пријатно ми е кога сум во Македонија. Секогаш сте фер, а и граничните премини се најдобри, нема гужви – рече таа.

Поврзани содржини