МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНУВААТ ДА ЖИВЕАТ САМИ НА 32 ГОДИНИ Швеѓаните на 18

Кога младите го напуштаат домот? Некои кога ќе наполнат 18 години, некои кога нема да се млади повеќе.

215

За самостојниот живот на младите има повеќе фактори, кои треба да се земат во предвид при носењето на ваквата одлука. Покрај желбата, тука се и економските фактори, сигурната работа, образованието, традицијата.

Европската статистика покажува дека младите во Шведска се најсамостојни па така тие го напуштаат домот на родителите одма после полнолетството – на 18.5 години. На другиот крај на оваа статистика се младите во Црна Гора, кои веќе не се млади кога ќе го напуштат домот, а од таму заминуваат после 33 година.






На врвот на оваа листа се младите од Шведска кои заминуваат на 18.5 години, Луксембург (20.1), Данска (21), Финска (22) и Естонија (22).

По Црногорците, младите од домот на родителите најдоцна заминуваат во Хрватска, на 31.8 години, Македонците на 31.7 години, младите од Словачка на 30.9 години и младите од Малта кои имаат 30 години кога го напуштаат родителскиот дом.

Листата јасно покажува дека младите од Скандинавија се најсамостојни, а на Балканот остануваат најдолго дома.

Поврзани содржини