Македонците лани на купување онлајн потрошиле 176 милиони евра
Лани се реализирани 6,7 милиони онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 5,4 милиони онлајн трансакции во 2018 година што претставува пораст од 23,8%.
Е-трговијата во земјава е во пораст, а расте и бројот на онлајн продавници со што се зголемува понудатата на граѓаните, покажуваат податоците на Народната банка за движењата во овој сектор во 2019 година.
Лани се реализирани 6,7 милиони онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 5,4 милиони онлајн трансакции во 2018 година што претставува пораст од 23,8%.
Вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба во земјата и во странство, изнесува 176 милиони евра, што во споредба во 2018 година претставува пораст за 26,6%. Македонците потрошиле 169,2 милиони евра онлајн кон домашни и странски онлајн трговци.
Во Македонија заклучно со 31.12.2019 година активни се 1.020 витруелни ПОС уреди. Согласно податоците за бројот на уредите на виртуелните места на продажба (веб страници за е-трговија), на крајот на .2019 година во земјава биле активни се 1.020 продажни места. Станува збор за активно регистрирани витруелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги. За период од една година, односно во текот на 2019 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 149 новоотворени.