Македонците ќе почекаат да влезат во Хрватска

Станува збор за земји-членки на Европската унија: Словенија, Германија, Австрија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Естонија, Латвија и Литванија.

425

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на седницата на Владата рече дека земјата целосно ги отвора своите граници кон 10 земји, меѓу кои ги нема Македонците.

Станува збор за земји-членки на Европската унија: Словенија, Германија, Австрија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Естонија, Латвија и Литванија.






– Со оглед на одличните резултати од нашата состојба и што успеавме да ја победиме епидемијата во првото полувреме, успеавме да направиме план каде што ќе ги отвориме граничните премини за граѓаните на голем број земји. Се отвораме поради туризмот – рече хрватскиот премиер.

Пленковиќ додал дека тоа е сторено во согласност со епидемиолошката состојба во тие 10 земји.

– Трендовите се такви што можеме да донесеме таква одлука. Тоа е дел од нашите подготовки. Како што се подобрува ситуацијата, ние ќе го прошириме списокот на земји – рече Пленковиќ.

Како што најави, ќе биде овозможено полесно влегување во земјата со помош на апликација. Таа ќе биде на 12 јазици, а за сега е само на англиски јазик.

При влегувањето во земјата, на лицата ќе им биде побарано живеалиштето, и-мејлот и телефонскиот број „за да можат да ги контактираат во случај на епидемиолошка потреба“.

Поврзани содржини