Македонците ќе може да патуваат во Црна Гора без ПЦР тест и без потврда дека се вакцинирани
Покрај тоа што нема да им биде потребен негативен ПЦР тест, за одмор во Црна Гора македонските граѓани претстојново лето исто така нема да треба да приложат потврда за извршена имунизација, односно за примена вакцина против ковид-19.
Во пресрет на летната туристичка сезона, владата на Црна Гора одлучи да ја вброи Македонија на листата на земји на чии жители ќе им биде дозволен влез без негативен ПЦР тест за ковид-19, јави Мета.
Покрај Македонците, на оваа листа се наоѓаат и жителите од другите земји од Балканот (Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Албанија и Косово) и земјите од Источна Европа (Русија, Белорусија и Украина), јавуваат црногорските медиуми.