МАКЕДОНЦИ ВО ХАБЗБУРШКА КРАЛСКА ПОВЕЛБА ОД 1690 ГОДИНА Сиљановска-Давкова доби копија од документот откриен во Воениот архив во Виена

Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки со издадената Привилегија за Македонците го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател.

3,729

Професор Георги Гоце Дуртаноски, експерт за христијанска палеографија, денеска ѝ врачи на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во нејзиниот кабинет копија од Привилегијата издадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена.

Со овој документ, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател.






Авторот на овој уникатен документ во калиграфски препис, проф. Дуртаноски, говореше за неговата важност за потврда на посебноста на македонскиот идентитет. Дуртаноски посочи дека оригиналниот записник бил пронајден во Воениот архив во Виена, а потем реконструиран во Центарот за ракописни студии при Европската христијанска академија, со којшто раководи.

Заблагодарувајќи се за копијата, Сиљановска-Давкова изрази почит кон неговата успешна работа во Летонија, кадешто Дуртаноски предава христијанска палеографија, како и кон ангажманот ширум Европа. Во Привилегијата, таа препознава документ од особено значење за македонскиот народ и неговиот идентитет.

– Документот го потврдува она што повеќепати е докажано, но добро е да имаме уште еден аргумент, соочени со обидите за негово оспорување – додаде претседателката.

Претседателката Силјановска-Давкова и професор Дуртаноски ја нагласија важноста и ефикасноста на културната дипломатија, особено за малите држави.

Поврзани содржини