МАКЕДОНЦИ УКРАЛЕ 26.000 ЕВРА ВО ХРВАТСКА Се преправале дека се „Израелец“ и „Швеѓанец“
Приказната одела вака: „Израелецот“ морал итно да ја посети жена си во болница, а странецот требало да го почека со ветување дека на враќање ќе го добие „златниот“ часовник. Странците обично наседнувале и веднаш оделе назад во банката да извадат пари.
Двајца постари македонски граѓани, едниот на 68, а другиот на 78 години успеале да украдат 26.000 евра стоејќи пред банки во приморските хрватски градови Сплит, Трогир и Примостен, јавува Точка. Едниот преправен како „Израелец“, а другиот како „Швеѓанец“ продавале „златен“ часовник за да ѝ помогнат на „болната жена на Израелецот“, а итроштината скоро секогаш успевала.
Приказната одела вака: „Израелецот“ морал итно да ја посети жена си во болница, а странецот требало да го почека со ветување дека на враќање ќе го добие „златниот“ часовник. Странците обично наседнувале и веднаш оделе назад во банката да извадат пари.
За сè да биде поуверливо „Израелецот“ парите не ги земал веднаш, туку ги ставал во торбичка за странецот да му ги почува заедно со часовникот, додека тој оди да ја посети својата жена. Кога „Израелецот“ ќе го снемало, странците сфаќале дека во торбата има празно плико.
„Златниот“ часовник, секако, не бил златен, а сплитската полиција нашла голем број на „златни“ часовници во домот на измамниците. Таму биле најдени и парите. Се смета дека еден часовник го продавале за 15.000 евра.
Двајцата старци моментално се во притвор. За повозрасниот имало три меѓународни потерници, една од Македонија, од Австрија и од Словенија.