МАКЕДОНЦИ СЕ СЛИКААТ СО МАЛИ ЛАВЧИЊА „Анима Мунди“ бара истрага од каде е купено животното (ФОТО)

Кој дозволил влез во државата на младеничиња од лав? Кои институции се вмешани во ова бесрамно кршење на закон?, напишале на Фејсбук од здружението „Анима Мунди“.

1,737

Нов тренд во Македонија – земјата на лавовите. Македонски граѓани на фејсбук постираат слики од себеси со младенчиња од лав. Кој и како успеал да ги „надигра“ законите и илегално да купи или набави лав и уште да се слика со него покрај извесен џип со кумановски таблици? Според здружението „Анима Мунди“ вакви слики имало неколку во последните денови.






„ИТНО бараме надлежните институции да спроведат истрага и да ги најдат и најстрого казнат сите оние кои во последните неколку дена се сликаат со младенчиња од лав како да се експонати, титули наместо диви животни заштитени со закон! Кој дозволил влез во државата на младеничиња од лав? Кои институции се вмешани во ова бесрамно кршење на закон?“, напишале на Фејсбук од „Анима Мунди“.

Граѓаните веднаш реагираа со свои коментари. Некои од нив сугерираа дека можеби сликата не е направена во Македонија, туку во некоја соседна држава.

Поврзани содржини