МАКАР ЕДЕН ДА ЈА ПРЕМИНЕ ГРАНИЦАТА Еве кои земји трупаат оружје околу Украина
Лавров и Блинкен утринава пак во Женева ќе пробаат да го скршат мразот околу Украина и да ги разгледаат двата нацрт-договори кои Русија ги стави на масата уште на 15 јануари. Но, во меѓувреме еден куп европски земји почнаа да ги носат своите војски и опрема во близина на оваа земја, или во Црното Море.
„Макар и еден руски војник ја премине границата во Украина, тогаш ќе се занимаваме со сериозен проблем“, рече Блинкен во интервју за германската телевизија ЗДФ по средбата со канцеларот Олаф Шолц, предупредувајќи дека нема разлика меѓу 1 и 1.000 војници.
На ова и на вчерашните изјави на американскиот претседател остро реагираше Сергеј Лавров, шефот на руската диплотатија. Лавров телефонски го замолил Блинкен „да не шири шпекулации за наводната претстојна руска агресија“ во врска со ситуацијата во југоисточна Украина, туку да ги принуди властите во Киев целосно да го спроведат Договорите од Минск.
Лавров и Блинкен утринава пак во Женева ќе пробаат да го скршат мразот околу Украина и да ги разгледаат двата нацрт-договори кои Русија ги стави на масата уште на 15 јануари. Но, во меѓувреме еден куп европски земји почнаа да ги носат своите војски и опрема во близина на оваа земја, или во Црното Море.
Норвешка потпиша договор со кој НАТО ќе може да користи четири воени бази во случај на конфликт, Канада распореди 500 војници во Летонија, a Данска одвои 22 милиони евра за да ја поддржи украинската одбрана. Литванија од друга страна, ќе се подготвува за војна заедно со САД во американскиот град Мичиген во вежбата „Зимски удар“. Меѓу сојузниците, Британија вчера ја испорача својата прва воена помош во Киев во форма на ракети со краток дострел.
Шпанија испрати бродови во Медитеранот и Црното Море
Шпанија испрати воени бродови да им се придружат на поморските сили на НАТО во Средоземното Море и Црното Море додека тензиите во регионот се зголемуваат поради трупањето војници на Русија на границата со Украина, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес.
Таа додаде дека миноносецот веќе е на пат кон регионот и фрегатата ќе исплови за три или четири дена. Исто така, рече дека Владата во Мадрид размислува да испрати борбени авиони во Бугарија.
Финска купи 64 авиони Ф-35, ама во НАТО не влегува
Финска неодамна склучи договор за подновување со 64 воени авиони од типот Ф-35, но земјата не планира да влезе во НАТО, вели премиерката Сана Марин. Таа сепак потврди дека Финска ќе се приклучи на „екстремно високите“ санкции кон Русија доколку се случи окупација, а купувањето на авионите беше протолкувано како спремање за војна.
Финска и Русија имаат заедничка граница од 1.340 километри. Само 28 отсто од Финците сакаат земјата да ја видат во НАТО, а 42 отсто се против.
Канада помага со 500 војници
Канада има повеќе од 500 војници во Летонија како дел од пошироката мисија за уверување на НАТО, која првпат започна во 2017 година, како одговор на загриженоста за руската агресија низ источна Европа.
Таа борбена група, исто така, вклучува воен персонал и опрема од девет земји на сојузот, вклучувајќи ги Полска, Шпанија, Италија и Чешката Република, од кои сите потпаѓаат под команда на потполковникот Ден Ричел.

Иран, Русија и Кина вежбаат во Индискиот Океан
Во меѓувреме Русија ја тестираше својата хиперсонична ракета Циркон, јавуваат руските медиуми. Некои шпекулираат дека хиперсоничните ракети може да завршат и во пријателска Куба за заплашувањето со трупање оружје да продолжи во Тихиот Океан.
Но, она што е сигурно е дека Русија, заедно со Кина и Иран веќе почнаа заеднички поморски вежби во Индискиот Океан, со цел да ја зголемат поморската безбедност. Иранската државна телевизија наведува дека во вежбите учествуваат 11 ирански бродови, три руски брода, од кои еден разурнувач, како и два кинески брода.
Американските медиуми пренесуваат дека во поморските маневри е вклучена и Иранската револуционерна гарда со помали бродови и хеликоптери. Вежбите, како што се наведува, ќе се одржат на површина од околу 17.000 квадратни километри на север од Индискиот Океан, а ќе опфаќаат ноќни борби, спасувачки операции и вежби за гаснење пожари.
Ова е трета заедничка вежба на трите земји.
Нема помали напади и нема помали жртви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на коментарите на американскиот колега Џо Бајден за руската „мала инвазија“ на неговата земја. Бајден вчера рече дека „помал“ напад може да доведе до послаб одговор од САД и нивните сојузници и со тоа ја збуни светската јавност.
Како одговор, Зеленски на Твитер напиша: „Нема помали напади. Исто како што нема помали жртви и мала тага поради загубата на најблиските“.