МАГЛА ГИ ПОКРИ ПЛЕТВАР, СТРАЖА, МАВРОВО Намалена видливоста кај Штип-Неготино, Тетово-Лисец и кај Крушево
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост на планинскиот премин Плетвар до 100 метри, Крушево и Стража до 50 метри, Маврово до 40 метри, патен правец Штип – Неготино (кај Серта) до 50 метри и на патниот правец Тетово – село Лисец до 30 метри, соопшти вечерва АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на постѕуавената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.