Магистер

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

890

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 09.03.2000 година)

Пред мно­гу го­ди­ни Ју­гос­ла­ви­ја ед­но вре­ме ја во­де­ше ед­на да­ма по име Мил­ка Пла­нинц. На та­а те­ма (же­на пре­ми­ер) се ја­ви­ја ед­но чу­до ви­цо­ви. Не­ко­и од нив, де­нес ги препоз­на­ва­м прис­по­со­бе­ни на смет­ка на ед­на дру­га да­ма (же­на – ми­нис­тер за внат­реш­ни ра­бо­ти). Што бе­ше, ка­ко бе­ше, ка­ко уп­ра­ву­ва­ше Мил­ки­ца со зем­ја­та, се­га ве­ќе не е ни важ­но. На не­а де­нес се се­ќа­ва­м са­мо по ед­на ра­бо­та: от­ка­ко ѝ по­ми­на ман­да­тот, во раз­го­вор со но­ви­на­ри­те, из­ја­ви де­ка мно­гу на­у­чи­ла уп­ра­ву­вај­ќи со зем­ја­та. Прво што то­гаш ми пад­на на па­мет бе­ше де­ка ова­а по­ја­ва мо­же да се срет­не са­мо кај нас. На­се­ка­де во све­тот лу­ѓе­то уча­т цел жи­вот на уг­лед­ни шко­ли за да мо­же по­тем, ако слу­чај­но или на­мер­но дој­да­т на власт, да го ре­а­ли­зи­ра­ат она што го на­у­чи­ле. Кај нас лу­ѓе­то до­а­ѓа­а на влас­т за да уча­т (!?). А уче­а глав­но на соп­стве­ни­те греш­ки. То­а бе­ше тол­ку доб­ра шко­ла што ше­го­бијци­те фа­ти­ја да иро­ни­зи­ра­ат: „Ан­гли­ча­ни­те уча­т на Ок­сфорд и Кем­бриџ, а ни­е – на греш­ки­те!”. Неј­се, бид­на што бид­на. Пло­до­ви­те од вак­ви­те ме­то­ди ги зна­е­ме: Ју­гос­ла­ви­ја зав­рши она­ка ка­ко што зав­рши, ве­ро­јат­но и бла­го­да­ре­ни­е на овој аван­гар­ден на­чин на уче­ње и уп­ра­ву­ва­ње со зем­ја­та.






Не ве­ру­вав де­ка и во су­ве­ре­на Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но не ра­ко­во­де­на од Пар­ти­ја­та за ма­ке­дон­ско­то на­ци­о­нал­но единство, ќе до­жи­ве­а­м да слуш­на­м реп­ри­за на из­ја­ва­та на гос­по­ѓа Пла­нинц, а тоа, ете, се­пак се слу­чи. Мла­ди­от вој­во­да, ве­рен на сво­и­те пре­диз­бор­ни ве­ту­ва­ња, нап­ра­ви те­мел­ни про­ме­ни. От­ка­ко првин не­го­ви­те ми­нис­три нап­ра­ви­ја ’ршум по ми­нис­тер­ста­ва­та, ко­неч­но и тој ре­ши да сме­ни не­кол­ку­ми­на од нив. Ре­че­но-сто­ре­но! Са­мо (и то­а е осо­бе­нос­т на ма­ке­донц­ки­те ра­бо­ти), на­мес­то как­во и да е об­јас­ну­ва­ње зош­то не­ко­и ми­нис­три од­ле­таа, пре­ми­е­рот јав­но ве­ти де­ка ќе ги пра­вел ам­ба­са­до­ри. Све­сен за пра­ша­ње­то што ќе си го по­с­тави се­кој гра­ѓа­нин („Ка­ко е мож­но еден не­ус­пе­шен, а по­не­ко­гаш ду­ри на­ци­о­нал­но ште­тен, ми­нис­тер одед­наш да ста­не ам­ба­са­дор, ко­га се зна­е де­ка дип­ло­ма­ти­ја­та е се­пак про­фе­си­ја, а не по­ли­тич­ка си­не­ку­ра?”), тој, во сти­лот на гос­по­ѓа Пла­нинц, поб­р­за да од­го­во­ри де­ка та­а ед­на го­ди­на ми­нис­те­ру­ва­ње би­ла го­ле­ма шко­ла за „ре­кон­стру­и­ра­ни­те” гос­по­да и де­ка се­га ти­е би­ле ка­дар­ни да би­да­т ам­ба­са­до­ри ка­де што ќе по­са­ка­ат (!).

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1000 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини