МАГИЧНО ИСЧЕЗНАЛ ДОГОВОРОТ НА РОНАЛДО СО ЈУВЕНТУС? На „бјанконерите“ не им се пишува добро!

Како што објавија локалните медиуми, полицијата се обидела да го пронајде официјалниот договор на Роналдо со Јувентус, но се појавил проблем - таков договор воопшто не постоел!

1,079

Од минута во минута се појавуваат нови детали за скандалот во кој италијанската полиција денеска влезе во канцелариите на прволигашот Јувентус чие раководство е осомничено за финансиски малверзации.

Јавното обвинителство во Италија соопшти дека станува збор за дури 42 сомнителни трансфери направени во периодот од 2019 до 2021 година, а посебно внимание се посветува и на склучувањето договор за соработка со Кристијано Роналдо, кој беше убедливо најплатен фудбалер на Јувентус од неговото пристигнување од Реал Мадрид.






Како што објавија локалните медиуми, полицијата се обидела да го пронајде официјалниот договор на Роналдо со Јувентус, но се појавил проблем – таков договор воопшто не постоел!

Наводно, клубот и фудбалерот не потпишале вообичаен официјален договор, туку станувало збор за приватен договор за економските услови на Португалецот во Торино.

Ова не е првпат поранешниот шампион на Италија да си има проблеми со законот, а не беше и многу одамна за да се заборави дека Јувентус одигра цела една сезона во втората италијанска лига токму поради вакви манипулации, поткупи и местење натпревари.

Поврзани содржини