„МАГИ“ ПОВЛЕКУВА СУПА ОД БРОКУЛИ ПОРАДИ МОЖНО ПРИСУСТВО НА МЕТАЛНИ ДЕЛОВИ Постои ризик од повреди на устата, хранопроводот, стомакот и на цревата
Производите, опфатени со ова предупредување, се продаваат во пластична чаша.
Потрошувачите во Германија треба да бидат особено внимателни, откако компанијата „Маги“ (Maggi) објави дека повлекува од пазарот одредени серии од производот „Maggi 5-минутна терина од брокули“ (Maggi „5 Minuten Terrine“ Broccoli-Nudeltopf) бидејќи постои ризик дека во пакувањата може да има метални делови, објави германски Фокус.
Металните делови претставуваат сериозен ризик од повреди на устата, хранопроводот или на гастроинтестиналниот тракт, поради што потрошувачите не смеат да го консумираат овој производ.
Производите, опфатени со ова предупредување, се продаваат во пластична чаша и се означени со следните броеви на серии и рокови на употреба (MHD):
- 50590703K, 02.2026;
- 50770703K, 03.2026;
- 50530703K, 02.2026;
- 50520703K, 02.2026;
- 50550703K, 02.2026;
- 50540703K, 02.2026.
Компанијата „Маги“ ги повикува сите купувачи, кои ги поседуваат наведените производи, веднаш да престанат да ги користат и да ги вратат во продавниците, каде што ќе добијат целосна рефундација на сумата без потреба од приложување на фискална сметка.
Германските медиуми ги повикуваат потрошувачите на внимателност и на следење на официјалните информации за дополнителни ажурирања во врска со овој случај.