Магазинот „Тајмс“ ги избра Џо Бајден и Камала Харис за личност на 2020 година

Во потесниот список на кандидати за наградата, додава ДПА, што беше претставен минатиот  четвртокот, покрај Бајден се најдоа и актуелниот претседател Доналд Трамп, здравствените работници, врвниот американски специјалист за инфективни болести Ентони Фаучи и Движењето за расна правда.

10,529

Магазинот „Tајмс“ синоќа ги избра новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и новоизбраната потпретседателка Камала Харис за  личност на годината, јавува ДПА.

– За промена на американската приказна, за покажување дека силите на емпатија се поголеми од гневот на поделбата, за споделување визија за заздравување во тажниот свет, Џо Бајден и Камала Харис се личност на годината на „Тајмс“ за 2020 година – се наведува во изјавата на главниот уредник на списанието Едвард Фелсентал.






Бајден и Харис победија на претседателските избори на 3 ноември, откако водеа претпазлива, но, сепак, фокусирана кампања, ветувајќи дека ќе ја обединат земјата, ќе го прекинат хаосот на Доналд Трамп и дека ќе се зафатат со борбата со пандемијата на коронавирусот, што драматично се расшири низ целата земја.

Бајден (77) поголемиот дел од својот живот го помина работејќи во Вашингтон и служејќи како потпретседател на Барак Обама, додека Харис е првата Афроамериканка, првата жена и првата личност од азиско потекло што ќе биде заменик претседател на САД.

Во потесниот список на кандидати за наградата, додава ДПА, што беше претставен минатиот  четвртокот, покрај Бајден се најдоа и актуелниот претседател Доналд Трамп, здравствените работници, врвниот американски специјалист за инфективни болести Ентони Фаучи и Движењето за расна правда.

Личност на годината на „Тајмс“ за 2019 година беше шведската активистка за климата, младата  Грета Тунберг.

Поврзани содржини