Мафијата им помага на сиромашните во Италија, но дали ќе бара нешто за возврат?

А зошто го прават тоа? Секако, за да добијат нешто за возврат - изјави Савијано.

947

Мафијашките организации во Италија започнаа да им делат производи на сиромашните и да им помагаат во одобрувањата заеми без камата во периодот на пандемијата со коронавирусот. Фотографиите од нивните хуманитарни организации деновиве ги преплавија социјалните мрежи во Италија, но сепак, не сите мислат оти мафијашите ова го прават од срце.

Во оваа група припаѓа истражувачкиот новинар Роберто Савијано, кој е автор на книгата „Гомора“ посветена на сицилијанската мафија Камора. Тој вели дека мафијашките организации сега имаат намера да му се приближат на народот, односно на сопствениците на бизниси кои чекаат финансиска инјекција од државата и од Европската Унија.






– Мафијата чека да се случи криза за компаниите одеднаш да станат жртви. Мафијата сега не напаѓа со пиштол, туку со финансиски советници кои ќе ви понудат помош во одреден момент – изјави Савијано.

Според него, доколку Европа не интервенира, тогаш голема е веројатноста на неконтролиран начин да започне множењето на мафијашките пари кои веќе се наоѓаат во Италија, Германија, Франција, Шпанија и Белгија.

Покрај тоа што започнале да им даваат храна на најсиромашните, мафијашите во Неапол сега веќе обезбедуваат и пари за граѓаните, кои позајмицата ќе ја враќаат без камата.

– А зошто го прават тоа? Секако, за да добијат нешто за возврат – изјави Савијано.

Поврзани содржини