МАФИЈАШКИ НАЧИН НА ПРЕСМЕТКА Демократски сојуз бара МВР да ги открие напаѓачите на новинарот Божиновски
„Сметаме дека ваквиот мафијашки начин на пресметка, сериозно го нарушува правниот поредок и сигурноста на нивинарите и граѓаните“, се наведува во реакцијата на Демократскиот сојуз.
Демократскиот сојуз најостро го осудува крвничкото претепување на сопственикот на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски.
„Сметаме дека ваквиот мафијашки начин на пресметка, сериозно го нарушува правниот поредок и сигурноста на нивинарите и граѓаните“, се наведува во реакцијата на Демократскиот сојуз.
Демократскиот сојуз инсистира на брза реакција од МВР и откривање на нарачатeлите и извршителите на овој, како што велат, насилничко – криминален акт.
„На Божиновски му посакуваме побрзо закрепнување“, се додава во реакцијата.