Македонскиот маестрото на виолина, Зоран Џорлев, го смени имиџот и по долго време ги избричи брадата и мустаќите кои му беа своевиден заштитен знак.
Отсекогаш сите го препознаваат по долгата брада и коса, па веројатно новиот имиџ на Џорлев сите ќе ги изненади.
„Новиот“ Џорлев ги објави фотографиите на Фејсбук и се пошегува:
„Горан, брат му на Зоран. Малку освежување без брада“, напиша тој во описот на фотографиите.