МАЕСТРО ЏАМБАЗОВ ЌЕ ДОБИЕ УЛИЦА ВО СКОПЈЕ Градот ќе донесе одлука во чест на композиторот

Како заслужен граѓанин и истакната личност во чест на маестро Александар Џамбазов иницираме со одлука улица во Скопје да го носи неговото име, рече Арсовска.

400

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска соопшти дека маестро Александар Џамбазов ќе добие улица во Скопје.

– Денеска го испраќаме во вечното почивалиште со неизмерна почит, маестро Александар Џамбазов, основоположник на Скопскиот фестивал на забавна музика и еден од најстарите детски музички фестивали во Европа, Фестивалот на детски песни „Златно славејче“. Човек кој четири децении создаваше непроценливо творештво за македонската музика – рече Арсовска по Комеморацијата што се одржа во МОБ.






Како заслужен граѓанин и истакната личност во чест на маестро Александар Џамбазов иницираме со одлука улица во Скопје да го носи неговото име, додаде таа.

Поврзани содржини