Кралицата на поп-музиката Мадона во новата објава на Инстаграм отиде чекор понапред и ја шокираше светската јавност.
Пејачката наскоро ќе наполни 62 години, но тоа не ѝ пречело за да се фотографира во проѕирна долна облека – градник и танга.
„Моментална гардероба. На сите кои се навредени со оваа моја фотографија им давам до знаење дека дипломирав на „University of Zero F*ks Given“. Ви благодарам што дојдовте на мојата церемонија“, напиша Мадона покрај фотографијата, а потоа следувале многу лајкови, но и различни коментари.
Фотографијата ја искоментирала и бремената пејачка Кејти Пери.
„О, Боже мој! Штотуку се запишав на тој факултет.“
Меѓутоа, на некои обожаватели баш и не им се допаднала фотографијата на поп-дивата
„Не сакаме ова да го гледаме“, „Жено, собери се“, „Одвратно и непримерно“, се само некои од негативните коментари.
FOTO: Instagram