(ФОТО) МАДОНА СЕ ОГЛАСИ НА ИНСТАГРАМ СО МОЌНА ПОРАКА „Среќна сум што сум жива“, вели пејачката

Кралицата на поп музиката Мадона (64) им се заблагодари на семејството и пријателите за поддршката откако минатиот месец беше хоспитализирана поради сериозна бактериска инфекција, додавајќи дека е  „среќна што е жива“.

207

Кралицата на поп музиката Мадона (64) им се заблагодари на семејството и пријателите за поддршката откако минатиот месец беше хоспитализирана поради сериозна бактериска инфекција, додавајќи дека е  „среќна што е жива“.

Мадона претходно изјави дека е „на пат кон закрепнување“ откако помина неколку дена на интензивна нега.






Пејачката требаше да започне седуммесечна светска турнеја, но мораше да ја одложи.

„Љубовта од семејството и пријателите е најдобриот лек“, напишала таа на Инстаграм во неделата, додавајќи дека грижата на нејзините деца е „она што е важно“.

„Како мајка навистина можеш да се окупираш со потребите на своите деца и со навидум бесконечно давање. Но, кога се стана лошо, моите деца беа тука за мене. Ја видов нивата страна која претходно никогаш не сум ја видела.

Мадона продолжила да им се заблагодарува на своите пријатели за „љубовта и поддршката“ во објавата, која содржи фотографија на која го прегрнува синот Дејвид и друга на која позира покрај својата ќерка Лурдес.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


Таа, исто така, споделила слика на која држи фотографија од Кит Харинг облечен во палто на кое е насликано лицето на Мајкл Џексон, за која рекла дека ја сниммил Енди Ворхол.

Пејачката му се заблагодарила на својот менаџер за подарокот и додаде: „Плачев кога го отворив овој подарок бидејќи сфатив колку сум среќна што сум жива“.

„И колку сум среќна што ги познавам тие луѓе и многу други кои исто така си заминаа. Им благодарам на сите мои ангели кои ме штитеа и ми дозволија да останам и да си ја завршам работата“, заклучила во објавата.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини