Американската пејачка Мадона со патерици во рацете се приклучила на протестите во Лондон под мотото „Црните животи се важни“, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд по бруталното апсење во САД.
На тој начин Мадона им се придружи на другите познати личности, меѓу кои биле и поранешниот тенисер Борис Бекер и британскиот боксер Ентони Џошуа.
Поп-кралицата носела црна маица со натпис „Животите на црнците се важни“ и големи темни очила, за да не биде впечатлива меѓу демонстрантите, пренесува „Дејли мејл“.
Обожавателите во неверување споделија фотографии од 61-годишната sвезда на Твитер, потенцирајќи дека таа е „секогаш била на вистинската страна на историјата“.
Видеа на кои таа вика „Нема правда, нема мир“ се објавени и на социјалните мрежи. Легендарната пејачка прошетела по улиците во Лондон отежнато движејќи се со патерици и покрај повредата на коленото од која закрепнува уште од октомври минатата година. Таа неодамна беше подложена на операција на коленото.
Madonna in London Black Lives matter pic.twitter.com/eAOzTVPKd7
— Timothy Jones (@Timothy00621868) June 6, 2020
Madonna at the #BlackLivesMatter protest in Central London OMG pic.twitter.com/oCNizug7SG
— zoe (@mdnagoat) June 6, 2020