📽 МАДОНА ПАДНА НА КОНЦЕРТ Се снајде како вистинска кралица на сцената

65-годишната пејачка падна на сцената во Сиетл по грешка на танчерот што ја придружуваше во кореографијата, но успеа да го изведе падот да изгледа како токму тоа да го сака, се сврте на стомак и продолжи да пее.

251

Мадона падна на концерт во Сиетл, но брзо се снајде во непријатната ситуација во која се најде не по своја вина. 65-годишната пејачка падна на сцената за време на настапот на нејзината прославена турнеја во арената Climate Pledge во Сиетл.

Таа седна на стол како дел од кореографијата за песната „Open Your Heart“. Додека танчерот го влечеше столот кон главната бина, се лизна и Мадона падна. Но, штом заврши на подот, Мадона се снајде како вистинска кралица на сцената. Успеа да го изведе падот да изгледа како токму тоа да го сака, се сврте на стомак и продолжи да пее. Видеото се прошири на социјалните мрежи.






@madonnaculture How not to love her? 😆 Madonna, Open Your Heart/Live To Tell/Take a Bow, The Celebration Tour, Climate Pledge Arena, February 16 & 17, 2024. 🎥 @kroogi6609 (YouTube, OYH) & @supernguyenodyssey (Instagram, TAB) • #madonna #madonnaculturetiktok #celebrationtour #pop ♬ Open Your Heart – Madonna

„Никој ништо не може да и каже бидејќи тоа го правеше како кралица“. „Како да не ја сакаш!“ – коментираат обожавателите.

Поврзани содржини