Мадона одби соработка со Дејвид Гета поради неговиот хороскопски знак!

Таа ме покани на ручек. Разговаравме за сè, музика, продукција. Беше многу опуштено, само ние двајца седевме, кул. Прекрасно, седам со Мадона - раскажа Гета.

1,382

Поп-иконата Мадона одби да соработува со светски познатиот диџеј Дејвид Гетa поради неговиот хороскоп!

– Таа ме покани на ручек. Разговаравме за сè, музика, продукција. Беше многу опуштено, само ние двајца седевме, кул. Прекрасно, седам со Мадона. Ми рече дека навистина и се допаѓа мојата работа и дека е воодушевена од ремиксот, и ми понуди да продуцирам албум за неа – рече Гета во една радио емисија, а потоа изненади:






– Тогаш дојдовме до таа тема кога ќе започнеме со работа. Тогаш директно ме праша „што си во хороскоп“. И реков дека сум скорпија, а таа го намурти лицето и ми кажа: „Жал ми е, нема да можеме да соработуваме. Ми беше задоволство да те запознаам. Збогум“. Бев во шок – низ смеа Гета ја раскажа приказната.

Поврзани содржини