МАДОНА КАКО „МРТВАТА“ МЕРЛИН МОНРО „Одвратно и непримерно“ позирање пред камера (ФОТО)

„Поради некоја морбидна и морничава причина, Мадона одлучува да ја пресоздаде смртната постела на Мерлин Монро“, коментираше еден од многуте критичари на фотографијата на која Мадона лежи во кревет свртена кон душекот, со шишиња со апчиња на ноќната маса.

1,626

Нови фотографии од Мадона ја поделија јавноста на Инстаграм, а некои мислат дека тоа што таа позираше како Мерлин Монро за магазинот „V“ на свои 63-години, не ѝ доликува, пишува Глорија. Кралицата на попот се обиде да ја пресоздаде сцената на смртта на Монро, дивата која замина на 36 години како најпопуларна русокоса во светот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)






„Поради некоја морбидна и морничава причина, Мадона одлучува да ја пресоздаде смртната постела на Мерлин Монро“, коментираше еден од многуте критичари на фотографијата на која Мадона лежи во кревет свртена кон душекот, со шишиња со апчиња на ноќната маса.

„Уф. Одвратно и непримерно“, се согласи уште еден од низата критичари со претходниот коментар, додека други го открија претераниот фотошоп во сликите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

„Не сум против уредување фотографии, но Мадона не изгледаше вака и кога имаше 12 години“,

„Кој е ова?“

„Би било убаво да се види како навистина изгледа нејзиното лице“

Ова се само дел од коментарите за пејачката која позирашр во крзно со истата гламурозна шминка и фризура на Монро, модната икона од 20-тите.

Поврзани содржини