Кралицата на поп-музиката Мадона во последните неколку месеци има големи здравствени проблеми, поточно со коленото, поради што морала да ја прекине и многу свои музички ангажмани.
Покрај ова, Мадона има паничен страв од коронавирусот. Поради коронавирусот, музичката дива е преплашена, бидејќи освен неа, тука се и нејзините шест деца, па сѐ повеќе паничи за да не се зарази некој од нив.
Поради тоа, Мадона ангажирала работници за да ги дезинфицираат објектите низ куќата, а работниците буквално спијат во нејзината куќа и чистат сè по три, па дури и по четири пати на ден.
Мадона не се плаши за себе, дури своевремено изјави дека вирусот е единствениот начин на обединување на светот и за исчезнување на сите разлики, но секако дека е нервозна за децата, па ги презела сите можни мерки и не им дозволува да излегуваат од дома. А, и кога мора да излезат, презема дополнителни мерки за заштита.