Поп пејачката Мадона се тестирала на корона вирус, а нејзините резултати покажале дека таа имала антитела од овој вирус во крвта.
„Направив тест и дознав дека имам антитела на коронавирус“, напишала Мадона на својот карантински дневник.
Таа објавила дека направила тест и дознала дека има антитела, и планирала да излезе и да се провози со кола и „длабоко да вдише ковид-19“.
Иако, Мадона е сигурна во својата одлука да излезе надвор бидејќи се тестирала на корона, американскиот центар за болести смета дека личноста која е позитивна на антитела од коронавирус не мора да значи дека е имуна на вирусот.