МАДОНА И НЕЈЗИНИОТ СИН ИМААТ ИСТИ ТЕТОВАЖИ Пејачката повторно шокира (ВИДЕО)

Во меѓувреме, Мадона на десниот зглоб си ја додаде буквата „X“ и „мама“.

451

Кралицата на поп-музиката Мадона си додаде нови тетоважи и се пофали со тоа на својот интернет-простор.

Од фотографиите се гледа дека таа и нејзиниот 16-годишен син Дејвид Банда се заедно во студио за тетоважи, па и оти веќе имаат иста тетоважа – „дрвото на животот“, инспирирана од Кабалата, објави „Дејли мејл“.






Пејачката која има 63 години, всушност се истетовирала минатиот месец, а сега дека Дејвид (кого го посвои во 2006 година, кога имал 13 месеци), го избрал истиот дизајн за на својот зглоб.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Во меѓувреме, Мадона на десниот зглоб си ја додаде буквата „X“ и „мама“, што потсеќа и на нејзиниот последен студиски албум насловен „Madame X“.

„Мене ми е редот на крвавам за мајка ми“, напиша пејачката додавајќи и срце покрај видеото објавено на Фејсбук. Мадона е личност која редовно ги користи социјалните мрежи со своите, честопати и чудни, а за многумина и шокантни содржини.

Поврзани содржини