Мадона, кралицата на поп-музиката, која вчера го прослави 62-иот роденден на Јамајка, објави фотографија на која држи чинија полна со марихуана – што доведе до спротивставени коментари во јавноста.
Мадона доцна синоќа објави неколку фотографии од својата роденденска забава во Јамајка, каде што беше со својот тим, своето мошне помладо момче и со семејството. Покрај тоа, таа објави и фотографија на која држи чинија полна со марихуана заедно со две пакувања ризли.
Покрај тоа, таа позира и со џоинт во устата.
Фотографијата предизвика спротивставени коментари од јавноста.
ФОТО: Инстаграм