МАДОНА ГО ПРЕТСТАВИ НОВИОТ ДЕЧКО 41 година е помлад од пејачката (ФОТО)
Пејачката и нејзиното ново момче со пријателите викендов присуствуваа на концертот на нигерискиот рапер Рема во концертната сала Ирвинг Плаза во Њујорк.
Поп иконата Мадона ужива во нова врска со 41 година помладиот дечко. Ендрју Дарнел има 23 години и работи како модел.
Тие неодамна позираа за насловната страница на магазинот „Пејпер“ во мошне провокативно издание. Во интервју за споменатиот магазин, Мадона зборуваше за нејзината потреба да ја провоцира публиката со својата уметност и како мрази да се повторува и секогаш бара нешто оригинално.
„Запомни ги моите песни „Like A Virgin“, „Material Girl“, „Express Yourself“… Ги пеев за да ги поттикнам жените. Претходно, музиката беше фокусирана на мажите. Сакав да им кажам на жените дека не треба да живеат во светот на мажите и дека можат без страв да го кажат она што го мислат“, рече таа.
View this post on Instagram
Пејачката и нејзиното ново момче со пријателите викендов присуствуваа на концертот на нигерискиот рапер Рема во концертната сала Ирвинг Плаза во Њујорк.
„Тие се обидуваат да ја задржат својата приватност. Мадона конечно ја најде својата среќа”, рекол неименуван извор за „Пејџ сикс“.
View this post on Instagram
Ендру соработува со светски познатата модна агенција ИМГ, која меѓу другите ги прослави Кејт Мос и Бела Хадид. Тој глумеше во тинејџерската серија на ХБО – „Бети“.
Инаку, Мадона на почетокот на оваа година раскина со 28-годишниот кореограф Аламалик Вилијамс.
ФОТО: Инстаграм