Мачoрот Лери го „украде шоуто“ пред резиденцијата на Џонсон (ВИДЕО)
Тој беше снимен како фаќа гулаб пред насобраните новинари, а видеото и фотографиите од тој подвиг многу брзо станаа вирални.
Голем број новинари денес се собраа пред резиденцијата на премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, чекајќи да ги слушнат резултатите од трговскиот договор, но вниманието го привлече мачорот Лери, познат жител на „Даунинг стрит“.
Тој беше снимен како фаќа гулаб пред насобраните новинари, а видеото и фотографиите од тој подвиг многу брзо станаа вирални.
Резиденцијата на британскиот премиер се наоѓа на „Даунинг стрит 10“ во Лондон скоро три века. И додека премиерите се менуваат, оваа зграда има и еден постојан станар.
Имено, поради проблеми со глувци во зградата, секогаш живее мачка во бројот 10.
Мачорот Лери се пресели во 2011 година и ја доби престижната титула „Главен фаќач на глувци“, поради извонредните вештини што ги поседува.
Со текот на времето, тој стана омилен кај Британците, кои секој ден му испраќаат подароци.
Here’s Larry the Downing Street cat (@Number10cat) catching a pigeon in front of the waiting press this morning… pic.twitter.com/1aBwNedrtf
— Luke Powell (@LukePowell88) December 24, 2020