МАЧКАТА Е ЖИВА И МРТВА ВО ИСТО ВРЕМЕ Зошто експериментот на Шродингер е толку посебен?

Според правилата на квантната механика, мачката не е ниту жива ниту умрена сè додека не се отвори кутијата и надворешен набљудувач не ја измери ситуацијата. Додека кутијата е затворена, целиот систем се наоѓа во состојба на неопределеност и мачката е и жива и мртва.

942

Дали една мачка истовремено може да биде жива и мртва, и како тоа го објаснува квантната механика?

За да се објаснат некои крајно неочекувани експериментални резултати, Ервин Шродингер (1887-1961), еден од творците на квантната механика, во 1926 година објави четири текстови кои дадоа огромен придонес кон теоретската физика, но и во размислувањето на луѓето. Токму за ова истражуваење, тој е награден со Нобелова награда.






Но, каква е таа Шродингерова мачка? Станува збор за експеримент во кој Шродингер замислил мачка во кутија која содржела мала количина радиоактивна супстанца. По еден час, постоела 50 отсто можност супстанцата да се распадне, испуштајќи отров во кутијата, но и 50 отсто можност дека супстанцата нема да се распадне и дека нема да се испушти отров.

Според правилата на квантната механика, мачката не е ниту жива ниту умрена сè додека не се отвори кутијата и надворешен набљудувач не ја измери ситуацијата. Додека кутијата е затворена, целиот систем се наоѓа во состојба на неопределеност и мачката е и жива и мртва.

Намерата на Шродингер била оваа приказна да звучи помалку смешно – го употребил овој начин за да истакне колку се бизарни идеите на квантната механика кога се применуваат за честички кои се над макро-светот на секојдневните предмети.

Размислувањето што го развила Копенхашката школа за квантна механика, сè зависи од тоа како ја набљудуваме ситуацијата. Каде и да гледа оној што го извршува експериментот, доаѓа до таканаречен колапс на бранова функција во класична состојба, па набљудувачот секогаш ќе ја гледа мачката или жива или мртва. Меѓутоа, некои современи истражувања просто ја прифаќаат таа ситуација во која мачката истовремено е жива и мртва.

Така што, реалноста се дели на два мултиверзуми – мачката е мртва во едниот мултиверзум, а мачката е жива во другиот мултиверзум.

Поврзани содржини